Кај Стража тепачка на навивачи на Будуќност и Шкендија, 15 повредени

0
543

Вкупно петнаесет лица се повредени од кои две пoтешкo и се префрлени нa Скопскиот клинички центар во физичкa пресметкa нa две групи нaвивaчи вo близинa нa планинскиот превој Стрaжa.

Според прелиминарите информации на СВР Тетово, два автобуса со навивачи на подгоричка Будуќност кои од Скопје патувале кон Албанија, биле запрени од навичи на тетовска Шкендија.

Меѓу двете навивачки групи дошло до навредувања, а потоа и до физичка пресметка.

Дел од повредените кои се главно државјани на Црна Гора се пренесени во болницата во Гостивар, додека двете посериозно повредени лица се хоспитализирани во Скопје.

Полицијата врши увид и ги расветлува околностите од инцидентот./крај/мф/