Како БиХ чекори кон патот до ЕУ

0
540

Приближување на БиХ кон ЕУ е предуслов за економски развој, односно предуслов за одржување на елементарни услови за функционирање на БиХ, ова беше основната порака која што денеска проф. д-р Младен Иваниќ од Универзитетот во Бања Лука и член на Претседателствотo на БиХ им ја пренесе на студентите и академскиот кадар на Битолскиот Универзитет

-Со предавањето ќе се обидам да ги приближам проблемите но и успехот на БиХ пред студентите, кои не треба да ја гледаат ситуацијата од дневните настани во весниците туку да го видат суштинскиот проблем. Суштинскиот проблем на БиХ е тоа што има три различни визии за нејзината иднина. Едната е Бошњачка-Сараево, која кажува: БиХ без идентитет, со еден претседател, со една влада и со еден парламент, втората е за Бања Лука-Српска која сакаше да има потполно независна Р.Српска и третата во Мостар, која бара трет идентитет. И кога имате три различни визии, единствено решение е она што имате минимум заедничко, а тоа е ЕУ, изјави проф. д-р Младен Иваниќ од Универзитетот во Бања Лука

Ректорот  на УКЛО, проф. д-р Сашо Корунoвски со неговите соработници остварија средба со  проф. д-р Младен Иваниќ од Универзитетот во Бања Лука на која беа разгледани перспективите за соработка меѓу двата универзитети кои имаат слична структура и големина, а воедно гостите беа запознати со активностите врз кои во моментот е фокусиран УКЛО.

Во втора посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска и Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ, која оствари средба и со градоначалникот на Битола Владимир Талевски.