Како битолчани го почувствувале земјотресот?

0
3109

По силниот земјотрес во 13:18 минути  кој што ја стресе и Битола, некои од граѓаните ги напуштиле своите домови, а пак некои не го почувстувале бидејќи како што рекоа, биле во движење.

Нов земјотрес е регистриран во 13:53 минути на 8 километри источно од Косел. Овој земјотрес беше со јачина од 2,6 степени според рихтеровата скала.Следниот беше во 14:08 минути од истото епицентрално подрачје во преспанско-охридскиот регион со јачина од 3 степени според рихтеровата сакала.Според информациите овој потрес бил на 11 километри северно од Ресен.И во 13:47 минути е регистриран земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.