Како да дознаете дали некој ве шпиунира на Фејсбук?

0
459

Социјалната мрежа „Фејсбук” најави дека ќе ги известува корисниците кога ќе детектира дека шпионски агенции ги пробиваат нивните пораки.

Фејскбук ќе испраќа нотификации на корисниците на чии профили има сомнителни активности, дури и ако се работи за шпионажа од Власта на матичните држави.

Првиот човек за безбедност на Фејсбук, Алекс Стамос пишува дека ваквиот чекор е неопходен за безбеноста на нивните корисници.

„Одлучивме да им праќаме дополнителни известувања на корисниците ако веруваме дека нападот е спонзориран од властите. Тоа го правиме бидејќи овие напади обично се посложени и поопасни од другите видови на напади“, истакна тој.

Ако Фејсбук се сомнева дека вашиот профил се шпиунира ќе ви ја испрати следнава порака.

poraka-na-facebook

Без коментари

LEAVE A REPLY