Како да не се мажат и женат додека се деца

0
2859

Бројот на малолетни бракови се зголемува посебно кај ромското население. Само за минатата година во Прилеп биле склучени 134 бракови на малолетници. Ова го покажало истражувањето на Здружението Рома СОС  .Денес ја презентираа нивната судија „Сивата зона помеѓу традицијата и правата на децата“ за периодот јули- декември 2015 година .

slika-2

Рекоа дека генералниот проблем во оценувањето на распространетоста на детските бракови бил во тоа што многу од нив не биле  регистрирани. Во моментов постои сериозен недостиг од аналитички и статистички информации за сите аспекти. Многу често детските бракови, особено помеѓу ромската популација, се гледале како дел од традицијата за одредени социјални групи и истите не се соодветно санкционирани, а уште малку превенирани.

slika-3
Рекоа дека прашањето на детски бракови скоро никогаш не било поставувано како приоритет за делување, но со оглед на последиците што ги остава врз развојот на децата (сиромаштија, семејно насилство, неообразованост, рана бременост) потребно е да се дејствува во насока на негово решавање. Од Рома СОС предлагаат да се хармонизираат три закони, кривичниот закон, законот за семејство и законот за образование.

Иако статистиката покажала дека секоја 5 -та девојка од ромска националност живее во брачна или вонбрачна заедница, за цел овај период до Народниот Правобранител не била покрената ниту една постапка по овој основ .

slika-4
Јавната дискусија се одржа во партнерство со здружението баирска светлина.Оваа е втора од планираните шест дискусии во текот на месец Октомври низ шест општини во Македонија ,Ѓорче Петров, Битола, Шуто Оризари, Куманово, Штип и Прилеп.