Како да не се тепаат меѓу себе

0
495

Трудовите поврзани со насислтвото меѓу младите ставени во Зборникот„ Книгата и библиотеката- мостови кон ненасилна комуникација кај младите“ кој што денеска беше промовиран. Зборникот дава една детекција на состојбите во однос на насилната комуникација кај младите во основните и средните училишта. Трудот е дел од проектот „Управување со конфликти – едукација на млади“.

-Можам да кажам дека овај планетарен феномен пулсира 24 часа и од тие причини посебно зборникот претставува слика на реалноста, односносно тоа претставува педагошките идеи и пораки во основните и средните училишта и решенија како да се превенира. Тие упатуваат порака до релевантните стручњаци кои што треба да се вклучат во превенција за да живееме во светот на ненасилство. На макро ниво постојат одредени индикации, но она што е за препорака од академски аспект е што побрзо да се детектираат почетните сигнали и симболи, кој што значат некаква промена кај учениците и рано да се направи еден систем на превенција, систем за работа со тие ученици со цел да се превенира нивното однесување, изјави Проф.д-р Љупчо Кеверески, промотор

sequence-01-still001

Зборникот на стручни трудови се состои 18 структурни делови кои прават една функционална целина а промоцијата е на Меѓународниот ден на толеранцијата. На овај проект стручните лица работеле една година, се одржале и работилници со учениците од основните и средните училишта

-Да се воведат активности во училиштата за да се намали насилството како начин на комуникација меѓу младите го завршуваме проектот со промоција на зборникот. Проектот доаѓа до една точка каде што училиштата го преземаат главниот збор. Се одржаа низа работилници на деца, за да можат да прават врсничка десиминација на она што го научија во библиотеката , така што сега самите ученици во рамките на училиштата ќе го промовираат ненасилството и таа комуникација меѓу нив, изјави Лили Бошевска, директот на НУУБ Св. Климент Охридски Битола

Проектот „Управување со конфликти – едукација на млади“ е одобрен од министерството за култура

Стручните лица кои што беа вклучени во проектот се надеваат дека Зорникот и примената на ненасилната комуникација ќе придонесе да се движиме кон претпоставката дека можеби не можеме да го промениме светот, но ќе го промениме квалитетот на нашиот живот.

Без коментари

LEAVE A REPLY