Како да се дојде до лиценца за сметководители

0
3421

Во текот на целиот месец јуни ќе се остварат работни средби и тренинзи кои што ќе им помогнат на сметководителите и за тие кои што добиваат лиценци како полесно да се снајдат околу новите состојби.

– Прашањата кои што најчесто ги добиваме на мејловите се поврзани со тоа , нели како да се дојде до лиценца за сметководители, дали и кое друштво може да аплицира како да ја определат реалната цена околу договорт, сето тоа се прашања кои се најчесто поставувани, и ете денеска сме во Битола, имаме вкупно 660 колеги 100 се сметководители, а останатите се овластени сметководители, изјави Ленче Папазовска претседател на Институтот за сметководители

Досега имаат доделено уверенија за овластени сметководители и сметководители кои се во законот.Тие се 6.107 што се имаат стекнато со звањето овластен сметководител, вели Папазовска

– Нашите следни активности се поврзани со лиценцирање на друштвата за вршење на сметководствени работи, затоа што тие се оние кои треба да добијат лиценци, бидејќи останатите кои се вработени во друштвата за трговија или останати кои што се регистрирани согласно законот за трговски друштва или закон за нив не е потребно добивање на лиценца туку е доволно да имаат свое уверение, изјави Ленче Папазовска претседател на Институтот за сметководители
И додава дека доделувања6та на лиценците ќе се изврши следната недела, додека пак во тек се активности за акредитација на консултантските куќи.