Kако да се надмине агресивноста кај децата?

0
1426

Секоја личност манифестира поведение што претставува сложена реакција од влијанието на различни фактори, а пред се од наследните диспозиции, од самоактивноста на личноста и од средината во која живее.Агресивното однесување кај децата може да се забележи од најрана возрас, преку кршење на играчки, удирање, гризење на други деца и сите се манифестации кои што родителот ги забележува.Родителот не смее да ги занемарува таквите ситуации

„На помала возраст децата го покажуваат таквото занемарувањее и родителот треба да посвети повеќе внимание со време на игра, а во подоцнежните години со физичка и вербална агресија, што и во двете ситуации треба да се земе во предвид семејството“, изјави Фани Асим Димитровска, психолог

Постојат два видови на семејство, вели Димитровска. Едниот вид е семејство каде што постојат строги ригидни правила и начини на казнување, а другиот начин е семејство каде постојат попустливи родители, и во тој случај детето не знае дека нешто неможе да добие бидејќи се е исполнето, и доколку се сретне со неисполнување на неговите желби покажува агресија. Па се поставува прашањето колку казната има позитивен ефект за намалување на агресијата?

„ Доколку казната е во мали размери, тогаш таа помага, а никако не смее детето физички да се казнува“, вели Димитровска Асим

За да се намали агресивноста родителот треба да внимава што му пласира на своето дете

„ Родителите мора да бидат внимателни со телевизиските материјали кои ги следат децата. Обавезно да се избегнуваат филмови со насилна содржина, и секако да не му се дозволува на детото компјутерски игри кои што шират насилство“, изјави Фани Асим Димитровска, психолог

Психолозите со совет : Ако родителот увиди дека не може да се справи со агресивноста на своето дете, треба да се побара помош од стручно лице, но најдобро агресивноста се намалува со физичка активност, со разговор и детето да почувствува дека е разбрано, сакано и почитувано.