Како да се обезбеди писменост за децата со пречки во видот

0
379

Со цел зголемување на образовните можности за децата со пречки во видот и рана детекција и превенција на очни болести  заеднички проект работат  УСАИД и ЛЦИФ . Реализацијата на проектот се одвива во неколку фази.Вo Битола, Скопје, Велес, Тетово и Штип се отворени  ресурсни центри  каде децата со оштетен вид посетуваат дополнителна настава.

14715061_1798988393713695_7888851243145962374_o

-Отворени пет ресурсни центри во пет градови во Република Македонија, каде децата со оштетен вид посетуваат дополнителна настава. Пет ресурсни центри се целосно опремени во Скопје (државното училиште за рехабилитација на деца ии младиници со оштетен вид – “Димитар Влахов“), Тетово (приватно училиште “Видроу Вилсон“), Битола (ОУ “Триџун Пановски“), Велес (поранешно училиште “Јордан Хаџи Константинов Џинот“) и Штип(ОУ “Гоце Делчев“) за потребите на децата со пречки во видот како би можеле да следат дополнителната настава (со нагледни средства, дидактички материјали, зголемувачи на екран, Браеви машини и печатачи, асистивна технологија и др). Дополнителната настава се изведува од страна на ангажирани специјални едукатори од страна на проектот, кои што имаат познавање од Браевото писмо и искуство при работа со деца со оштетен вид. Исто така, дел од членовите на Лајонсклубовите Македонија, помагаат при реализирање на вонучилишните активности за децата со пречки во видот од петте ресурсни центри кои се отворени и непречено функционираат во рамките напроектот. Изработка на аудио фајлови кои ќе бидат достапни за децата, но и за сите лица со оштетен вид преку серверот на Универзитетот предвиден за оваа активност. Првите дваесетина книги се веќе снимени во аудио лабараторијата лоцирана во Универзитетскиот Кампус во Тетово, изјави Давор Каракашев координатор на проектот
img_6350
Дополнителната настава се изведува од страна на ангажирани специјални едукатори од страна на проектот, кои што имаат познавање од Браевото писмо и искуство при работа со деца со оштетен вид.

Отпечатени  биле шеесетина учебници на Браево писмо. До крајот на проектот за прв пат во Македонија ќе бидат испечатени сите учебници  за основно образование (1-9 одделение) на македонски, албански и турски јазик.

Офталмолозите до сега во многу наврати препорачуваа дека најиделната возраст за рана детекција и превенција е токму возраста помеѓу 3 и 6 години, бидејќи возраста за очниот преглед кој се извршува на досегашните задолжителни систематски прегледи кои се одвиваат во прво одделение на возраст од 6 – 7 години за жал е многу доцна. За таа цел постојано апелираа да постои законска обврска за задоложителeн очен преглед за сите деца од 3 годишна возраст во Република Македонија.

-Благодарение на активностите на Проектот и спроведените скрининзи во градинките воведена е нова регулатива, каде сите матични педијатри се обврзани да издаваат медицински упат за задолжителен преглед на очите кај сите деца од 3 години.Од досегашните спроведени прегледи (скрининзи) во градинките врз повеќе од 6000 деца, кај околу 10% од нив се најдени наоди и истите се навремено препроачани да одат на дополнителен преглед за одредување на соодветна терапија и третман за превенција на очни болести, додде Каракашев координатр на проектот
img_6183

Дел од членовите на Лајонсклубовите од Македонија, помагале при реализирање на вон училишните активности за децата со пречки во видот од петте ресурсни

Крајната цел на проектот е да биде оддржлив и по официјалното завршување на  проектот, да биде превземен од страна на надлежните институции со цел да се продолжат и подобрат условите и вклученоста на децата со оштетен вид  во образованието и во заедницата.

Без коментари

LEAVE A REPLY