Како да се однесуваат учениците во случај на пожар

0
1457

Денеска изби пожар во основно училиште, Коле Канински во Битола . Противпожарната единица, веднаш интервенираше. Двете екипи се распоредија, едни почнаа да го гаснат пожарот, други спасуваа ученици, имаше и повредени и колабирани од вдишаниот чад. На овој начин, беше изведена симулацијата за гаснење на пожар во училиштето и евакуација на загрозените лица

На настраданите во пожарот 5 мина виолонтери веднаш им ја пружија потребната лекарска помош

Ова беше втора симулација на елементарна непогода во училиштето Коле канински. Првата симулација на земјотрес била во првото полугодие. Овие симулации имаат за цел проверка на учениците и персоналот за организирање и планско постапување во случај на итна ситуација, како и проверка на подготвеноста на службите за итен одговор во услови на елементарни непогоди и други кризни ситуации и нивниот капацитет за спроведување на оперативните мерки и активности. На ова денешна симулација и претходеа и други активности

Во симулацијата беа вклучени и од Дирекцијата за заштита и спасување, итната медицинка помош а со поддршка на општина Битола