Како да се подобри бизнис климата во Битола?

0
778

30 тина компани од Битола на зедничка маса со Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) ги анализираа начините за подобрување на бизнис климата во градот и околината.Се разговараше за проблемите со кои се соочуваат компаниите и истите добија ветување од СКСЗМ дека ќе им бидат пренесени на надлежните институции

– Претежно компаниите бараат олеснителни услуги како на пример да не бидат подложни на постојани дневни инспекции и бараат за тие инспекции да бидат претходно информирани со цел да се подготват за да можат побрзо и поефикасно да ги решаваат сите недостатоци и проблеми кои што ги имаат во склоп на фирмата. Поголемите пак компании бараат да им се решат нивните инфраструктурни проблеми, изјави Нејби Хоџа, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија

Пред присутните беа презентирани и активностите и новите услуги на комората

-Имаме правен информатотр каде што се информират членките за сите измени на законот во склоп на легислативата на Р.Македонија, потоа имаме информатот на економски прашања, кој што ги промовира новите еконосмки случувања и информатор добивка каде што сите членки се информират за јавните набавки и за тоа како да го зголемат профитот во својата компанија, изјави Нејби Хоџа, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија

Средбата беше дел од караванот на Стопанската комора на северозападна Македонија кој што се одржува во певеќе градови од државава

Без коментари

LEAVE A REPLY