Како да се подобри конкурентноста на компаниите

0
1824

БАС Институтот за менаџмент, како почеток на завршницата на истражувањето кое го спроведе од 2012-2015 година, денеска организираше форум, со цел поврзување на науката и бизнисот на тема „ Меѓузависноста на влијателните фактори во процесот на обезбедување одржлива компаниска конкурентност“.

 

lidija stefanovska

На овој форум сакаме да ги доловиме значајните фактори за компаниската конкурентност покрај Владините активни мерки за поддршка на малите и средни претпријатија, рече проф.д-р Лидија Стефановска директор на БАС Институтот за менаџмент Битола.

Институтот на присутните им овозможи излагања од повеќе стручни експерти во различни свери на менаџментот.

Присутен е професорот Живан Живковиќ од Универзитет во Белград, проф. Смилевски со резултатите од истражувањето и други лица, додаде Стефановска.

Целта била да се даде дополнителен придонес и поддршка на малиот и среден бизнис. Од ЦРППР пак појаснаа дека, досега биле само индирекна поддршка на компаниите, но сега со отварањето на Бизнис Центарот, работите се фокусирале на дирекна поддршка.
emilija geroska
Емилиа Ѓероска директор на ЦРПРР Битола вели дека веќе изработиле портфолио на услуги и слично, што би било од помош за компаниите.

Ѓероска додава дека услугите завршуваат со нивна импелементација во бизнис идеата, доколку компанијата тоа го побара од нив.

Ѓероска ги повика сите заинтересирани да отидат во Бизнис Центарот за да се запознаат со услугите и можностите.

На форумот се разговараше за улогата на ЦРППР врз одржливата компаниска конкурентност, улогата на баките во развојот на конкурентноста, бизнисот и опкружувањето и слично.

Без коментари

LEAVE A REPLY