Како да се помине месецот, а притоа да се има за на одмор?

0
1718

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2017 изнесува 33 640 денари, a нето-платата била 22 889 денари, вака вели статистиката. Но има граѓани кои што месечно земаат и по 12 000, 10 000 па и 8 000  денари плата. Битолчани велат дека живееме во мошне тешки времиња. Крпиме крај со крај и платите не ни стигнуваат ни до 20-ти, а камо ли до крај на месецот.

-Јас сум пензионер, фирмата ми отиде под стечај, пензијата не ми стигнува за основните трошоци, а тоа се храна и сметки, вели битолчанка

-Со вакви примања никакви, за ништо не ни останува. Одвај ги плаќаме сметките и храна купуваме, вели битолчанец

Тука се поставува прашањето ако со нашите македонски плати одвај го врвиме месецот, тогаш од каде пари за на годишен одмор?

-Кој има оди, јас не сум била на одмор, а и со вакви примања какви што имам нема ни да одам, вели граѓанин

– Некој имаат а некој немаат, тој што има оди, вели граѓанин

Иако нема доволно средства, многумина од нас се одлучувааат да отидат на море или езеро и да се одморорат. Се трудиме да скратиме од многу работи, но некако кога доаѓаат летните одмори, на никого не му се седи дома. Секој се снаоѓа како знае и умее. Некој може да заштеди од платата за на одмор, некој уплаќа на рати во туристичките агенции, други пак земаат кредити, а трети пак нема да одат. Како и да е останува онаа народната „пуштете си ги нозете колку што ви е долга чергата“ .

 

 

 

Без коментари