Како да се преживее месецот?

0
1474

За храна и комуналии граѓаните најмногу одвојувале од својот буџет. Велат дека одвај крај со крај сврзувале. Според статистиката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2015, изнесувала 21 882 денари, а 1,2 % од вработените во Македонија не зеле плата, соопшти ДЗС. Па тука се поставува прашањето како македонецот успева со оваа просечна плата да го помине месецот?

plata2

-За сметки најмногу одделуваме, она што ќе остани е за храна. Одвај сврзуваме крај со крај, вели битолчанец

-Иако имаме висока пензија и таа не ни стига бидејќи децата ни се невработени па им даваме од пензиите, вели граѓанин

Во сите држави во регионот, освен Македонија, дошло до опаѓање на висината на просечната плата.Според податоците, просечната плата во Словенија падна за 12.25 евра и се наоѓа под „магичната граница“ од 1.000 евра, и изнесува 995.85 евра. Просечната плата во оваа држава во март изнесувала 1.008,10 евра.Според податоците од септември, просечната плата во Србија е за 10.95 евра помала од онаа која е исплатена во април и изнесува 365.20 евра. Просечната плата во април во Србија изнесувала 376.15 евра.До пад на просечната плата дојде и во Хрватска и тоа за 5.68 евра. Во август, просечната плата во Хрватска изнесуваше 749.15 евра во однос на 754.83 евра во март оваа година.Во Босна и Херцеговина забележан е пад на просечната плата за 3.10 евра. Во март изнесуваше 425.40, во однос на 422.30 евра колку што изнесуваше во август.Во Црна Гора просечната плата е пониска за 1 евро. Според податоците од септември изнесува 477 во однос на 478 евра колку што изнесуваше во април.Иако Македонија е единствената земја која доживеа пораст за 11.38 евра, сепак таа и понатаму се наоѓа на последното место според висината на просечната плата.