Како да се преживее ?

0
354

 

Скоро 74% од месечните трошоци за живеачка завршуваат за плаќање на сметки и за исхрана. Најновите податоци од Синдикалната кошница покажуваат дека во ноември, за да се преживее едно семејство му биле потребни 32 279 денари или 525 евра. Најголем дел од овие пари или 13 414 денари, завршуваат храна а 10 422 денари за домување.

Еве колку изнесува уделот на месечните трошоци во вкупната синдикална кошница :

Храна и пијалаци 41,56%

Домување 32,29%

Хигиена 6,88%

Превоз 7,25%

Облека и обувки 6,58%

Култура 3,31%

Здравје 2,13%

Споредбената анализа на трендот на движење на вредноста на синдикалната кошница, што ја направи “Фактор“ покажува дека за пет години, или во однос на 2011 та година, трошоците се зголемени за скоро 2 000 денари или 32 евра.

Синдикална кошница 2011 30 367 денари

Синдикална кошница 2015 32 279 денари

Најголем пораст на трошоците има за домување, односно за плаќање на комуналии. Така, во 2011 година за оваа намена биле потребни 9 553 денари а во ноември, лани таа сума се зголемила за 870 денари, односно достигнала 10 422 денари. Трошоците за храна во истиот анализиран период се зголемиле за 521 денар ( во 2011 изнесувале 12 893 денари), потоа за здравство пораснале за 135 денари, за облека раст од 284 денари а хигиена зголемување на трошците за 90 денари.

Од друга страна, нето-месечната плата во земјава, според последните достапни податоци од Заводот за статистика изнесува 361 евро, или ако едно семејство живее само една просечна плата, тогаш за да ги подмири месечните потреби, му недостасуваат 10 086 денари, или 164 евра. Според државната статистика, лани во однос на 2014 та година, реалната нето платата се зголемила за 2,9%. Во однос на инфлацијата, ланската 2015 година заврши со намалување на трошоците на живот за 0,3% во однос на 2014 година.

Од 1 јануари 2016 година, согласно законската регулатива во земјава, минималната загарантирана плата се зголеми на 10 080 денари.