Како да се распределуваат парите од буџетот?

0
710

Со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на Единиците на локалната самоуправа при доделување на средства на здруженија и фондациите од општинските буџети , денес беше промовирана методологија за распределба на средствата . Методологијата ги содржи резултатите од спроведените работилници за развивање на методологии за распределба на средствата од буџетската ставка – трансфер до НВО од општинските буџети за поддршка на 8 општини во Р.Македонија . МКЦ е вклучен како локален координатор при изработувањето на методологијата за распределба на срдствата во општините Битола и Новаци

Новата методологија е усвоена од Советот на општина Битола, а стапува на сила од јануари 2017, а денеска како точка на дневен ред е и пред советниците во општина Новаци

Публикацијата служи и како еден вид на алатка за застапување на вклучените општини, но и како пример на останатите општини за креирање и подобрување на механизмите за распределба на средства од општинските буџети до здруженијата

Оваа методологија е дел од проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија„ кој го имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со МКЦ-Битола, Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и Центарот за развој на заедницата Кичево во 8 општини во Македонија