Како да се совладаат болестите со начинот на исхрана?

0
502

Јадете повеќе од ова, заборавете на она, правете вака, а не онака… Луѓето денес речиси на секој чекор се среќаваат со најразлични совети за здрава исхрана, најразлични диети, меѓутоа сте се запрашале ли колку од овие упатства се точни и колку тие диети се ефективни и здрави? Зошто потребата од нутриционист?

-Во Битола се крие еден огромен потенцијал за здравата исхрана и за здравиот животен стил. Потребно е да се има консултација со нутриционист бидејќи исхраната треба да биде индивидуална, не постои глобална исхрана за секој човек. Секој треба да се исхранува според својот метаболизам , својата здравствена состојба, односно потребен е еден индивидуализаиран пристап кон исхраната,а тој пристап може да се открие само со нутриционист, изјави Влатко Таневски, нутриционист во ВТ Диет Клуб Битола

Здравјето, постигнувањето на иделан телесна тежина и виталнастарост, не се последица на чиста среќа и само на генетските предизпозиции, вели Таневски Но колку здравата исхрана и здравот животен стил можат да бидат лек?

-Многу се фаворизираше дека медикаментите односно лековите можат да ја подобрат здравствената состојба и современата медицина не ставаше акцент на исхраната. Тој мит одамна е надминат. Реалност и факт е дека исхраната може да помогне многу во совладувањето на болестите особено во совладувањето на хроничните болести. Постојат и патолошки состојби каде мора да се даде и медикаментна терапија, додаде Таневски

ВТ Диет клубот располага со две диет програми: Вт диет програм и Вт спорт програм. Вт диет програмата се базира на принципите на метаболичката исхрана вели таневски а спорт програмата е наменета за спортистите

-Спортистите се значајна категорија на луѓе за кои што исхраната е важна за да имаат спортски перформанси и спортистите можат да добијат нутриционистичка консултација, вели Таневски

ВТ Диет клубот во Битола е прв диет клуб во Битола и прв интернет диет клуб во Македонија

Без коментари

LEAVE A REPLY