Како да се спречат можни поплави?

0
141

Од зимските поплави, најголема штета претрпе Општина Могила. Најголема површина на земјоделски површини, објекти беа уништени од излевањата на каналите но и на реката Црна, а водата не ја поштеди ни стоката. Неодамна засегнатите земјоделци од Општина Могила беа обештетени, но она што сега треба да се размислува е како повторно да не дојде до поплавување и кои мерки да се преземат навреме.

-Она што се случи во Могила, но и пошироко, не се паметат такви количини вода. Постарите жители кажуваат дека 50-60 години немало вакви поплави. Направен е акционен план, што треба да се направи во иднина ако дојде до такво нешто, вели Стево Пивковски, градоначалник на Могила.
Летниот период ќе се искористи за чистење на Црна.
-Јули, август, септември ќе ги искористиме за затворање на процепите, но и чистење на Црна, рече Пивковски.
За време на поплавите во февруари, во некои села од Општина Могила беше доста критична ситуацијата кога излевањето на Црна предизвика поплавување на неколку села, каде во целост беше оневозможено слободното движење, а дел од населението беше евакуирано. Од Општина Могила се надеваат дека со превентивните мерки, ваквите поплави нема да се повторат.