Како до индивидуални земјоделки?

0
505

По извршена анкетета на над 35 невработени жени на возраст од 18 – 50 години, во селата Кукуречани, Оптичари и Егри, и по нивното изјаснување дека дури 28 од нив сакале да започнат сопствен бизнис и да се регистрираат како жени земјоделки, денеска со носителите на проектот „Економско јакнење на жените во Општина Битола“ седнаа на заедничка маса да се информираат и обучат, и за тоа како самите да носат приход во своите домови .Комисијата за еднакви можности при општина Битола и Здружението на граѓани АНТИКО, го спроведуваат овај проект .

Со овие активности и анимирањето на жените од различните подрачја, како и вклучувањето на стручните тимови од областите земјоделство и вработување, Општина Битола дава силна поддршка на жените, поаѓајќи од Стретегијата за родова еднаквост и Акцискиот план за економско јакнење на жените.

Во проектот се вклучени и Агенцијата за вработување, и Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

Проектот е финансиран од британската амбасада