Како до квалитетна публика?

0
660

Поврзаноста на културата со образовниот систем и поврзувањето на образовниот систем со културните системи, е еден од начините за квалитетна публика. Ова беше речено на јавната дискусија насловена „Како до квалитетна публика“ која се одржа во Битола. Целта на оваа дискусија беше  да се соопштаат резултатите од истражувањето, да се прошири кругот на вклучени страни и јавно да се разговара за препораките и за нивното спроведување.На дискусијата присуствуваа претставници од Министерството за култура на Р.Македонија, кои потенцираа дека министерството за култура заедно со граѓанскиот сектор ќе работат на создавање на што повеќе можности и системи кои што ќе бидат постојани, за да се создадат можности за создавање на публика.


-Сметаме дека тука во минатото имало доста недостатоци и треба да ги операционализираме и да ги ставиме во функција тие системи кои што ќе овозможат приклучување на младите уште од најмали нозе кон културните институции и вкусување на културата, разбирање на културата, и што ќе создаде еден потенцијал за во иднина тие млади, не само да учествуваат кредитивно, туку и да бидат една критички едуцирана публика која што ќе знае да ја препознае вистинската уметност, изјави Петрит Сарачини, Министерство за култура на Република Македонија.

Проектот “Публиката ве гледа”, партнерски го реализираат МКЦ – Битола, Независна културна сцена на Србија и Младински културен центар „Абрашевиќ“ од Мостар.а со поддршка на Програмата за регионална соработка на регионалната платформа за култура „Кооператива“.

-Истражувањето методолошки се темели на методолошки гледано се темели на серија дискусии на фокус групи на трите земји, а истото беше спроведено во ноември и декември минатата година. Најбитни се препораките кои што се однесуваат на оние што ја финансираат културата, но и на самите организации кои што се занимаваат со култура и уметност. Препораки за тоа на кој начин контактот со публиката, развојот на публиката, да го развијат и воопшто да го афирмираат овој концепт на продлабочување на врските со публиката, изјави проф. д-р Иван Додовски – Универзитет Американ Колеџ Скопје

Која е квалитетна публика?

-Квалитетна публика не ја голта културата таа ја процесуира, низ систем на критички вредности и рефлектира кон неа, реферира кон неа, ја критикува, ја рецензира, и од тоа доколку ние видиме во општеството таква жива дискусија, дали се работи за некоја претстава, некој концерт, некое литературно дело, тогаш ќе знаеме дека сме создале некој потенцијал за таа критична маса да произведе и нови вредности кои што ќе ја лансираат културата во секој аспект, изјави

Проектот „Публиката ве гледа” е реализиран со поддршка на Програмата за регионална соработка на регионалната платформа за култура „Кооператива“. Јавната дискусија се одржа во рамки на Фестивалот „Битола Отворен Град“.