Како до подобри услови за децата со Даунов синдром?

0
486

Дауновиот синдром не е болес, луѓето со даунов синдром не се болни, но може да имаат поттешкотии во когнитивниот развој и воопшто да имаат покревко здравје од останатите луѓе. Менталните способности на луѓето со Даунов синдром биле потценувани во минатото, но во некои делови од светот тоа е се уште случај. Во поразвиените земји овие луѓе се оспособени да водат самостоен живот, да остваруваат интимни врски и да склопуват бракови. Токму за Дауновиот синдром и за подобар, поквалитетен и поисполнет живот на лицата со Даунов синдром се одржа трибина во Битола

-Новите сознанија ни кажуваат дека лицата со Даунов синдром можат да исполнат се што ќе замислат, рече Ида Мандон, претседател на Центар за Даунов синдром

ОВаа трибина ја финансираше општина Битола