Како до поголема правна заштита?

0
492

Со цел  подобрување на системот за заштита на човековите права во земјата преку зајакнување на системот за бесплатна правна помош и утврдување на слабостите во неговото спроведување македонските граѓани имаат прилика да аплицираат за бесплатна правна помош во рамките на проектот Пристап до правда кој во Битола  се спроведува од страна на МКЦ.

-Целна група на проектот се крајно ранлива категорија на граѓани и социјални случаи во остварување на социјалната заштита на нивните права, здравствена заштита, трговија со луѓе, заштита на жртви од семејно насилство, имотно правни односи, сопственички односи, изјави Вера Гогу координатор на првната програма во МКЦ
Првната помош која што ја нуди МКЦ претставува општи правни информации и иницијални правни совети
-Додека правната помош со стапувањето во судовите, и судските постапки е од страна на адвокатите, а истовремено ние во нашите активности имаме и мониторинг на судските постапки. Во рамки на проектот се спроведуваат работилници и сесии насочени кон едукација на странките во заштита на нивните права, додаде Гогу
Најчесто правна помош од МКЦ најчести биле барањата од социјалната заштита, а се преземаат мерки и за промоција на овој проект со цел граѓаните да се запознаат со правната помош .Но колку граѓаните сакаат јавно да говорат за својот проблем?
– Претежно граѓаните се обраќаат од социјалната заштита, а мал е бројот на  барања од жртви на семејно насилство. Со законот има проблем во насока од забраната за рекламирање , не има на веб страната на министерството за правда , меѓутоа сите граѓани немаат пристап до истата. Ние најчесто ги информираме преку брошури и постери, вели Вера Гогу координатор на првната програма во МКЦ

МКЦ е овластено здружение за давање на претходна правна помош од 2011 година и во континуитет од 5 години работи на проектот „Пристап за правда“ кој што финансиски е подржан од ЕУ. Координатор на проектот е Фондацијата отворено општество во кој преку мрежа се вклучени 4 здруженија од Македонија.