Како до поголема вработеност на младите од регионот ?

0
234

Невработеноста е присутна во сите земји од регионот но иновативните решенија за вработување на младите кои функционираат во одредени земји треба да се применат и во другите, беше истакнато денска на тркалезната маса на тема „ Невработеноста кај младите во Р.Mакедонија – социјална инклузија на ранливи групи на млади во организација на Младинскиот kултурен центар од Битола. Досегашните анализи направени од март до мај годинава покажале дека младите на возраст од 15 до 24 години зафаќаат 50,4 од категоријата младинска невработеност што покрај другото се должи на несоодветни квалификации од формалното образование.

Од МКЦ велат дека младите веќе почнаа да го препознаваат владиниот план за вработување и мерките кои ги овозможува истиот

VESNA_MKC_3.jpg

На тркалезната маса учествуваа претставници од јавниот и бизнис сектор, граѓански организации и аосцијации како и претставници на агенцијата за вработување кои беа запознати со истражувачките резултати и преземените активности во Македонија со компаративна анализа на состојбите во Црна Гора, Алабнија , Косово, Србија , Босна и Херцеговина и Турција

Сите земји вклучени во проектот ќе изготват и побликуваат национален базичен извештај за состојбите со младинската невработеност , а дополнително и регионален извештај со препораки за иновативни модели за подобрување на политиките и практиките за намалување на младинската невработеност.

VESNA_MKC_4.jpg

Во наредниот период а во рамки на проектот кој е поддржан од ЕУ ќе се врши и анализа на влијанието на медиумите и социјалните мережи врз развојот на иновативни пратктики за младинската бневработеност, анализа на ЕУ политиките за инспирирање на практики за социјални иновации и нивната апликација во земјите од регионот и други активности кои ќе бидат промовирани наесен на завршна конференција која што ќе се одржи во Босна и Херцеговина.