Како и дали го користиме биоотпадот?

0
350

Био или органски отпад, е биоразградлив отпад кој со биолошка обработка може да се преработи во квалитетен компост. Иако е комплексен начинот на третирање, согласно законот и со цел заштита на животната средина се преземаат низа мерки за третирање на овај отпад.

13-10-still007

– ЈП Комуналец презема чекори за тој биоотпад да го тетираме и употребуваме.Купивме машина шредер кога ќе дојде за кастрење на дрворедите , тој материјал ќе го дробиме со алатката а остатокот од материјалот ќе го реупотребуваме за греење на објектот, изјави Зоран Соклевски директор на ЈП Комуналец

Вкупната количина на отпад во општина Битола заедно со 17 рурални средини е некаде околу 80 тона. Во тие дневни количини една третина е состав на биоотпад, вели Соклевски и додава дека ако од вкупниот комунален отпад кој што завршува на депонијата , не се извечи плинот или метанот кој што генерира, може да се јават штетни последици

– Може да се случи надворешната температура да биде -20 степени а на длабочина од половина метар или еден метар во телото на самата депонија да имаме 50 до 70 степени плус температура, и ако не се извлекува тој метан може да дојде до само запалување или повторно емисијаја на штетни гасови, рече Соклевски

13-10-still006

Според Соклевски за тоа да биде квалитетно треба да се направат санитарни депонии, а за нив треба голема сума на пари

– За такви санитарни треба голема инвестиција, некаде околу од 15 до 20 милиони евра . Тоа ние како ЈП немаме средста да го направиме, изјави Соклевски

13-10-still005

Министерството за животна средина ги има санитарните депонии во план , но кога ќе има реализација не се знае.