Како и дали ранливата категорија на граѓани наоѓаат работа?

0
544

60 лица од ранливата категорија на граѓани, како што се лица со посебни потреби, самохрани родители, жртви на семејно насилство и нивни деца се здобија со сертификат за завршена обука по англиски јазик, компјутерски вештини, подготовка на св, мотивационо писмо, интервју за работа, канцелариско работење и чување на податоци. Обуката е дел од проектот “LOOTUS NEW BEGINNING/ TODAY FOR TOMORROW” во организација на Самурај клубот од Битола,  а поддржан од  Амбасада на Австралија. На сите 60 учесници им беше одржана и бесплатна обука и тренинг од страна на стручните лица од клубот Самурај

– Клубот Самурај зеде и директно учество во проектот како организирање на обуки и тренинзи  кои што влијаат на подобрување на самодовербата на овие ранливи групи, бидејќи знаеме дека преку уметноста на боречките вештини се зголемува концентрацијата и фокусираноста кај луѓето кои што дополнително понатаму ќе им помогне да се справуваат со проблемите кои што ги носи секојдневниот живот и покрај тоа што проектот е завршен клубот секогаш им стои на располагање за организирање на бесплатни тренинзи и обуки, изјави Гордана Цветковска Бошевска Самурај клуб Битола

Ранливата категорија на граѓани имаа можност да остварат средба со претставници на бизнис секторот. Од бизнис секторот беа посочени придобивките од вработување на лица од ранливата категорија на граѓани, а пак ранливата категорија на граѓани ги кажаа бариерите со кои се соочуваат при барањето работа

– Во последно време работите одат на подобро, но сепак не треба да се работи на односот на државата на законите туку треба да се работи на преструктуирање на мислењата на самите категории на граѓани кои што претсебе си поставуваат бариери кои што ги спречуваат да одат понатаму па затоа со овај проект имавме и обука за зголемување на довербата која што му е дефинитивно потребна на сите. Взаемна е токму затоа вечерва од една страна се ранливите категории а од друга бизнис секторот се разгова на оваа тема, изјави  Симона Јовеска од Лотус Центарот и координатор на проектот.

Проектот “LOOTUS NEW BEGINNING/ е финансиран од Автсралиската амбасада

– Австралиската амбасада веќе неколку години работи со луѓето во Македонија и сме многу среќни што имаме соработка со Лотус и Самурај клубот за луѓето кои што имаат посебни недостатоци.Многу австралиски државјани имаат потекло од Македонија и многу сме среќни дека ќе помогниме на лицата со посебни потреби да најдат полесно работа, изјави Глен Морис прв секретар на Австралиска Амбасада во Белград

Обуката траеше два и пол месеци.