Како и со колку пари ќе помогне општина Битола

0
948

На прашањето дали и со што помага општина Битола во регионите погодени од поплавите од Општина Битола велат дека  уште од првиот ден  испратиле неколку екипи за спасување, противпожарно возило и потребна опрема во Скопје, да помогнат во поплавените кризни подрачја.

Во акцијата активно биле  вклучени и јавните претпријатија од општината со свои екипи и опрема на терен.
Исто така, Советот на Општина Битола за утре закажа седница, на која се очекува да се донесе соодветна одлука за помош на настраданите од поплавите.
Општина Битола континуирано е во контакт со надлежните институции и е во постојана координација со истите, со цел обезбедување на помош онаму каде што е потребна, се вели во одговорот на општина Битола