Kако изгледа свадба во Северна Кореја

0
706
Северна Кореја, како и во останатите свои специфики, таа е уникатна и по свадбените обичаи. Таму, младите не се во центарот на вниманието за време свадбата, затоа што мора да ги завршат своите обврски и кон владата и партијата.
Во Северна Кореја не се фрла бидермаер туку се носат цвеќиња на спомениците на Ким Ил Сунг одма после церемонијата.

Свадбените фотографии исто се прават пред спомениците иако малденците не се натерани на тоа тие чувствуаат обврска.

На 15-ти и 16-ти април не се вршат церемонии на склопување на брак затоа што тоа се родендените на поранешните лидери.

Повеќето церемонии се традиционални. Малденците се облечени во традиционални облеки, а роднините на невестата доаѓаат во домот на малдоженецот каде што ги чека храна и алкохол. Работниците и фармерите кои не можат да си го дозволат тоа изнајмуваат храна од пазарите па кога ќе се сликаат со богатата трпеза ја враќаат назад.

Побогатите често доаваат пари како поклон, а подарок во долари се смета како статусен симбол.

Партиските службеници од повисоко ниво често прават свадби во ВИП деловите на хотелите во Пјонгјанг, а младоженецот секогаш добива часовник.