Како ќе се греете зимава?

0
1422

По трошоците кои граѓаните ги имаа за подготовката на децата за на училиште и по трошоците за правењето на зимница имаат уште една главоболка. Кој е најисплатлив начин за греење за престојната зима. Оние кои денеска ги анкетиравме велат дека ќе се греат на дрва бидејќи така им било најисплатливо

30.07.drva_2-700x394

„ Нajисплатливо ни е на дрва и си ги набавив многу рано преку пензионерското“, вели граѓанин

„ На дрва ќе се греам , струјата е многу скапа“, вели граѓанин

Оние што решија да се греат со дрва, освен што потешко можеа да го набават, од ден на ден цената растеше, така што неофицијално цената се движи и над 3000 денари за кубен метар, независно дали бука или даб. Анализите покажуваат дека едно просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 метри кубни огревно дрво за загревање или најчесто околу седум метри кубни. Тоа покажува дека за греење со огревно дрво на стан од 60м2, би требало да се одвои од 12 до 20 илјади денари годишно. Доколку, пак, се загреваат повеќе простории или домаќинството има сопствено парно греење на дрва, потрошувачката на огревно дрво е повеќе. Оние пак кои одлучиле зимава да се грејат на струја, ќе им треба длабок џеб, то пак од друга страна нуди комфор, нема чистење на печките, нема ложење, не се потребни посебни простории за складирање на огревниот материјал и слично.

гре

Потрошувачите на струја можеме слободно да ги класифицираме во три категории, според употребата на грејните тела, а аналогно на тоа и месечните трошоци ќе бидат различни. За загревање на стан од 60 м2 со помош на електрични уреди од типот на греалки, калорифери, панели, електрични котли на струја и тн. се очекува да се потрошат околу 4.500-5.000. денари месечно, а за цела грејна сезона да се потрошат приближно околу 30 000 денари. Нешто пониски сметки за струја би имале домаќинствата кои за греење на станот би користеле термо печка, околу 20 000 денари, под услов исклучиво да се користи ефтината ноќна тарифа на струја. Секое дополнување на печката во текот на денот, со користење на дневната тарифа, значително ги зголемува овие трошоци. Од следнава наведена статистика или што би се рекло груба математика сами одлучете и пресметајте кој начин на греење ви е поисплатлив.