Како младите Роми да размислуваат претприемнички?

0
585

Од вкупно 100 млади Роми на возраст од 18 до 29 години,92 биле невработени, а само двајца имале високо образование. Ова го покажало истражувањето направено во Битола за потребите на проектот „Активно учество во намалување на младинската невработеност кај Ромите“ во општина Битола . Тргнувајќи од овие поразителни податоци деновиве во Битола беше формирана локална стратегија за намалување на невработеноста кај младите Роми. Целта на стратегијата, како што беше посочено од двајцата експерти кој биле задолжени за изработка на стратешкиот документ, е како да се натераат младите Роми да размислуваат претприемнички.


-Идејата беше дека треба да ги натераме да размислуваат на начин не само да се бара работа, туку да се најде начин како да се создаде работа за да се надмине тој проблем со вработливоста. Сите тие заклучоци беа имплементирани во оваа локална стратегија.Се работи за млади кои се обременети по две основи. Млади кои припаѓаат на етничка заедница која што е маргинализирана, за која што владеат предрасуди и сереотипи, и како такви потешко наоѓаат пласман на пазарот на труд, и се работи за млади луѓе кои што по автоматизам генерално во Р.Македонија се тешко вработливи. Официјалните статистички податоци говорат дека над 50% од младите луѓе во Р.Македонија, но додадено и ова што го споменав дека се работи за припадници на етничка заедница уште повеќе ја усложнува можноста за нивно ангажирање на пазарот на труд, изјави д-р Божидар Миленковски, експерт за изработка на стратешки документ.


Рамиз Ахмедов е само еден од тие 100 испитаници. Завршил средно образование, но планира да се запише на факултет.

-Треба ние самите да сме заинтересирани за да посигнеме некое ниво, така што ќе размислам да се запишам на факултет . Сега веќе два месеци сум практикант во Сумнал , рече Ахмедов


Стратегијата ги идентификува клучните предизвици со кои што се соочува општина Битола пред се во делот на социоекономскиот развој на младите Роми кои што живеат во Битола. Во рамки на стратегијата се содржи и акционен план кој што се состои од три приуритетни области каде што се дадени предлог мерки и активности, и надлежни институции кои би биле активни во реализацијата на документот.


-Целта на стратегијата е не само да биде доклумент ставен на хартија , туку документот да стане реална работа каде што младите Роми во општина Битола ќе станат што е можно повеќе во изведувањето и станувањето конкурентни на пазарот на труд. Целата на стратегијата е општина Битола да стане град со високо развиена свест и културно ориентирана за претприемништво на младите роми, кои се пред се невработени и треба да се ориентираат кон претприемништвото и да го сменат начинот на размислување. Целта на стратегијата е да се креира и да се развие врска помеѓу економскиот развој и образованието, со цел младите роми да можат да стекнат што е можно повеќе  претприемачки вештини без разлика дали се невработени или пак вработени во граѓански сектор, непрофитен сектор или во приватни организации за да можат истите понатаму да станат активни чинители во изведувањето на својата сопствена иднина, изјави проф.д-р. Моника Марковска,експерт за изработка на стратешки документ .

Проектот „Активно учество во намалување на невработеноста кај Ромите“ е имплементиран од МКЦ и Баирска светлина, а финансиран од ЕУ .

Без коментари