Како помина годинашниот Пиво Фест

0
2287

Заврши 15 то издание на Пиво Фест 2017 година . На финалната вечер настапија Тајфата и Димитар Андоновски, Џамбо Агушеви оркестар , а за крај овој четиридневен фестивал на пиво скара и добра музика се заокружи со хитовите на балканската мега ѕвезда Северина.
И покрај поројниот дожд кој непрекинато паѓаше повеќе од 5 часа, и кој создаде извесни краткотрајни проблеми во централното градско подрачје каде се поставени штандовите, тоа не ги спречи посетителите да се забавуваат.

Првата вечер на “Пиво Фест” ја одбележа настапот на “Амадеус Бенд” и спектаклот кој го приредија на фестивалкста сцена во Прилеп.
Гостите од Србија пееа нивни хитови,како и хитови од целиот Балкан, но запеаа и македонски народни песни, како и популарната навивачка песна “Излези момче”.
За време на нивниот настап публиката формираше ѕвездено небо од илјадници мобилни телефони.
Петочната вечер на Пиво Фест 2017 ги донесе звуците на регето и рокот.

Почнувајќи со реге составот Конкеринг Лајон, потоа најпознатата македонска група Нокаут чии песни ја кренаа публиката на нозе, за вечерта да ја доживее кулминацијата со Ален Исламовиќ од Бјело Дугме кој што го крена андреналинот на публиката, и немаше песна која што публиката не ја пееше заедно со Исламовиќ кој ги потсети присутните на многуте хитови со кои пораснале цели генерации на бившите екс ЈУ простори.
На претпоследната вечер на Пиво фест настапија македонската фолк пејачка Елена Велеска, српската поп дива Анабела, и Харис Џиновиќ направија атмосфера на позитивна енергија и одлично расположение а публиката пееше заедно со нив до раните утрински часови. Настапот на балканската мега ѕвезда Харис Џиновиќ не остави рамнодушни, повеќе од 50.000 луѓе ја пееа “Муштулук” во еден глас.

На вечерашната завршница, за прв пат од 15-годишното постоење на Фестивалот беше доделена и награда за најкреативната селфи фотографија, а тоа е маскотата на годинашниот Пивофест – плишаниот мајмун. А како главна атракција беше пивскиот воз и пивскиот велосипед. Посетителите консумирајќи пиво и возејќи се со нив имаја можат да го разгледуваат Прилеп.