Како преку игра со Лего коцки до иновативен начин на размислување за вашето дете

0
1247

Како преку игра со Лего коцки до иновативен начин на размислување за вашето дете. Од сега  STEM Академијата  и во Битола . Основната цел на оваа програма е да овозможи на децата од оваа возраст да ги разберат основните научни концепти, концептите за дизајн и технологија од најраната возраст. 

-Во овие програми, како средства преку кои децата учат, се користат специјализирани LEGO® коцки и механизми кои овозможуваат пренос на сила и движење во склопените модели кои сеприлагодени на возраста на децата. Во текот на програмата децата ги учат сложените поими на STEM преку приказни и демонстрација на научните концепти користејќи наменски модели склопени од LEGO® елементи. Децата градат најразновидни забавни и едноставни модели, како што се клацкалка, вртелешка, вртимушка, сплав, возила и многу други модели. Додека децата ги склопуваат и ги прават овие наменски активности тие учат како научниот концепт влијае на моделот и истовремено ги откриваат начините на кои функционираат работитеоколу нив, изјави Жарко Поп Илиев STEM Академијата– Скопје

Тера телевизија на првиот одржан час. Децата пред нашата камера направија најразновидни забавни и едноставни модели, како вртимушки, воила, вртелешки итн. Знаењето на најмалите пренесено од стручни обучени едукатори.

-За време на играта децата активно градат, истражуваат, испитуваат, комуницираат и притоа развиваат најразновидни вештини, знаења и способности. Децата преку овие програми се воведуваат во основите на инженерството и науката, создаваат вистински експерименти базирани  на нивните омилени приказниги применуваат на најбараните вештини на 21от век како тимската работа, одлично комуникативно изразување и критичко размислување,изјави Тања Стојковска, едукатор во  STEM Академијата  во Битола.

Програмите се развиени  од LEGO® Education и повеќе од 20 години покажуваат извонредни резултати насекаде во светот. Програмите се прилагодени на возраста и во нив децата преку соодветно осмислени игри и активности во кои се користат LEGO® елементи, го наоѓаат одговорот на сложените прашања, проблеми или предизвици, вели Жарко Поп Илиев STEM Академијата- Скопје.Програмите се наменети за деца од 5 до 12 години, со времетрање од 26 часа, кои се посетуваат еднаш неделно , а секој час трае 75 минути. Цената на обуката е 2000 денари.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY