Како се финансираат малите и средни претпријатија

0
526

-Денешната средба е дел од активностите во Бизнис центарот кој што е формиран минатата година со поддршка на Министерството за локална самоуправа. Имено овие информативни средби кои што ги организираме се за навремено информирање на компаниите за сите отворени повици каде што може да аплицираат за финансиски средства за финансирање на своите бизниси. Како и минатата година така и оваа година продолжуваме со вакви активности, а покрај овие информативни средби, работиме на подготвување на електронски билтен кој што ќе го испраќаме бесплатно до компаниите, но исто така во идниот период ќе организираме повеќе вакви информативни средби,  – изјави Владимир Величковски, координатор во Бизнис центарот во ЦРППР.

-Фондот за иновации и технолошки развој денеска во Битола го претстави третиот јавен повик отворен за мирко, малите и средни претпријатија за доделување на средства од фондот. Овде сме подетално да ги претставиме информациите и да им помогнеме на компаниите како да дојдат до овие средства, а им благодариме на Бизнис центарот и Пелагонискиот плански регион за соработката и организацијата на овој настан. Досега од претходните два повици од Пелагонискиот регион сме финансирале два проекта. Едниот е компанија што се наоѓа во Битола, а другата компанија е од Прилеп. Се надеваме дека компаниите во овој регион ќе аплицираат и ќе има интерес за овој повик, изјави Катерина Кречева, советник во Фондот за иновации и технолошки развој.

-Како претставници од бизнис секторот, ние цело време се трудиме да дадеме основни информации за сите достапни финансиски средства во можност да ги искористат нашите членки но и целиот бизнис сектор во пелагонискиот регион. Се со цел да ја поттикнеме иновативноста и да го поттикнеме степенот на информираност на самите компании за овие финансиски средства, во претходниот период имавме организирани две вакви информативни средби во соработка со фондот и со општините од регионот, а и во иднина ќе продолжиме со информирање на нашите членки, изјави Никола Димковски, Регионалната стопанска комора-Битола.