Како се злоупотребуваат платежните картички ?

0
744

Македонците сè повеќе ги користат платежните картички при секојдневното плаќање, најголем дел од нив ги употребуваат за вадење пари од банкомати, односно повеќе плаќаат со готовина. Во Европската Унија, пак, граѓаните главно ги користат картичките за плаќање во трговијата. Но, злоупотреба на платежна картичка може да ви се случи и кога вадите пари од банкомат и кога плаќате преку интернет.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека, се зголемуваат кривичните дела изработка и употреба на лажна картичка, а со тоа и бројот на злоупотребени граѓани. Земањето податоци од вашата сметка со т.н. „скимер уреди“ и крадењето податоци при купување од интернет-страници се најчестите начини на злоупотреба на платежните картички.
Во текот на 2016 година се регистрирани 13 кривични дела изработка и употреба на лажна платежна картичка.

Од МВР објаснуваат дека злоупотребите се прават на различни начини, а најчесто преку „скимер уреди“ кои крадците ги поставуваат на банкоматите. Овие уреди се состојат од два дела, камера и читач на податоци од магнетната лента на самата картичка. Камерата ја поставуваат на различна страна, зависно од банкоматот, за да се сними ПИН-кодот.

Друг начин на крадење податоци од платежни картички е при купување од интернет. Доколку се прави трансакција преку лажна интернет-страница, која е идентична со оригиналната. Граѓаните не ја забележуваат разликата и ги внесуваат податоците, со што истите одат во рацете на криминалците – велат од МВР.
„Скимер уредите“ ги има и во Македонија. Лани е откриена криминална група од шест члена која во 13 наврати поставила вакви уреди на банкомати во Куманово, Битола, Охрид, Штип, Скопје, Прилеп и во Тетово. Тие успеале од 209 картички да извршат 201 нелегална трансакција и украле повеќе од милион денари.

Од Банките советуваат на претпазливост.

Додека шак според последната публикација на Народната банка за платниот промет во 2016 година, македонските граѓани повеќе плаќаат со готовина отколку со картичка. Анализите за користењето на платежните картички покажуваат дека и покрај нивната зголемена употреба во последниот период, навиките на домашните потрошувачи отстапуваат од навиките на корисниците во ЕУ. Инаку бројот на трансакции со домашни платежни картички остварени во трговијата во Македонија изнесува 18 трансакции по глава на жител, што е пониско за два и пол пати во споредба со земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

извор. Факултети.мк

Без коментари