Како синоќа се спасуваше Пелистер!

0
655

Пожарот кој вчера избувна на Пелистер е изгаснат,рече за Тера командирот на битолската противпожарна единица Костадин Поповски. Но, од превентивни причини екипи на теренот ќе ја следат ситуацијата.

Како што објавивме синоќа на повик на членови на здружението За нас се работи , доброволци заедно со пожарникари се упатија кај пожарот. И тие рано утрово известија дека пожарот бил изгаснат.

На страната „Битола сака чист воздух“ соопштија дека 40-тина доброволнци, тројца пожарникари и неколкумина планинари се справуваа со огнот и го решиле, но останале да дежураат за да не се случи поворно активирање.

Oбјавена е и фотографија од дел од оние кои се справуваа со огнот. Членови и од Оф Роад Клубот Пелистер во текот на цела ноќ се справуваа со огнената стихија на Пелистер.

Вчера како што беше објавено, Националниот парк Пелистер побара воздушна интервенција со цел да се спречи голема катастрофа, по што интервенираа два авиона.

Авионите полнеа вода од Преспанското езеро и направија три прелети со испуштање на вода на опожарената територија, што според упатените помогнало во справувањето со огнот, но не можеле повеќе да интервенираат заради тоа што се стемнувало.

Од Центарот за управување со кризи денеска со куса информција дека Пожарот во Националниот парк Пелистер во месноста Извори, на реката Шемница над с. Маловишта е локализиран, зафатена е сува трева и нискостеблести растенија. На пожарот интервенирале вработени од Националниот Парк „Пелистер“, пожарникари од Битола, лица од ДЗС Битола како и 2 воздухоплови од ДЗС.

Колкава површина била зафатена засега нема информација, освен тоа дека горела само трева, дрвна маса не била зафатена, но не постоела никаква опасност за Моликата бидејќи таа таму ја нема. Евентуално можело да се случи да бидат зафатени букови стебла, но доколку пожарот продолжеше да се шири на долу.

А како се случи и кој е виновен е прашањето кое веќе се поставува. На одговор најверојано ќе почекаме, но отфрлена е можноста дека тоа е дело на посетили кои одат на кај Големо езеро. Познавачите на приликите велат дека кога се движат со возила на горе посетителите застануваа, се фотографираа, одмараат, а потоа продолжуваат кон Големо езеро, што значи дека вина кај нив не може да се бара.

Пожарот како што велат наши соговорници настанал долу кај изворот на Шемница и ветрот го носел нагоре.

Од вчера попладне и друг пожар беше регистриран во месноста Кравица на планината Ниџе. Гори борова шума во тешко пристапен терен. Известени се ШС „Кајмакчалан“ , опш. Новаци и ДЗС Битола.Повеке информации за овој пожар од центарот за управување со кризи не соопштина, а битолската противпоќарна станица не добила никаква информација за интервенција.

Без коментари