Како со алергиите?

0
1670

Пролетта е годишно време на кое што повеќето му се радуваме, но пролетта е и годишно време кое што носи низа алергии со себе, но и годишно време Голем број причини може да доведат до алергиска реакција. Лекарите велат дека се што е околу нас може да биде алерген

-Алергијата е една одбрамбена реакција на организмот, меѓутоа кон материи кои обично не се штетни по организмот, ако не сте алергични . Тука спаѓаат полените, храната, паразитите во домот, прашината и многу други работи, поточно се што е околу нас може да биде алерген. Воглавно се супстанции кои што не се штетни кај луѓе кои што не се преосетливи на нив, изјави д-р Камелија Бушљетиќ, пулмоалерголог од „Аџибадем Систина“.

Алергиите се во значителен пораст, вели д-р Бушљетиќ и се јавуваат на сите возрасти, но особено се изразени во тинејџерската и детската возраст

Од март до почеток на јули е активна алергијата на полен. Манифестациите се различни во зависност од тоа кој орган е зафатен и каде се одвива таа реакција

-Кај лицата кои имаат алергија, одбранбениот систем не го препознава поленот како нештетна честичка туку како опасна што доведува до негова активност и создавање војници, алергиски антитела. Реакциите се јавуваат на местото на контактот на нашиот организам со поленот – очите, носот, грлото, и се јавува солзење, чешање, боцкање на очите, кивање, затнување и течење на секрет од носот, но и кашлање, гребење и чешање на грлото или може да се испровоцираат и други заболувања, изјави д-р Камелија Бушљетиќ, пулмоалерголог од „Аџибадем Систина“.

Само доколку се базира на симптомите кои се јавуваат, и особено ако за првпат станувате алергични, тогаш многу тешко можете да направите разлика дали е алергија или настинка. Но, доколку овие симптоми се појавуваат секоја година во истиот период, и доколку се придружени и со чешање на очите и носот, тогаш овие симптоми се потипични за алергија.

Дали и како се лекува ?

– Кога ќе се појави, најчесто алергијата трае до крајот на животот. Лекарствата кои ги даваме се симптоматолошки, делуваат за да ги намалат или целосно повлечат симптомите сè додека трае дејството на лекот. Единствено нешто што делува на промена на природниот тек на болеста е имунотерапијата, но и таа не е доживотно решение за алергијата. Имунотерапијата помага во одреден период од повеќе години да станете толерантен, односно да го поднесете алергенот на кој реагирате, вели д-р  Бушљетиќ

Д-р Бушљетиќ со совет : Да се избегнува контактот на алергенот на кој знаете дека сте алергични. Кај поленот кој е аеро алерген, односно го има во воздухот и е тешко да се избегне се препорачува во домашни услови и во автомобил да се користат клима уредите, да не се излегува и престојува надвор кога е сончево затоа што тогаш нивото на полен е најголемо. Други препораки се здрава храна, умерена употреба на алкохол, престој во природа на чист воздух, физичка активност, да не се земаат антибиотици без реална потреба и колку што можеме да го избегнуваме стресот. Стресот и прекумерната тежина доведуваат до склоност на организмот за развој на алергии.