Како студентите да не фалсификуваат бонови за исхрана

0
1082

Покрај водениот печат, од годинава Студенскиот дом во Битола ќе стави и сув жиг за да не може студентите да фалсификуваат бонови кои што ги користат за исхрана. Вака домот ќе се заштити од натамошното фалсификување на бонови поучени од минатата година кога домот беше оштетен за околу 8000 денари

– Минатата година имавме фалсификување на боновите тоа беа некаде во вкупен износ од околу 8000 денари. Студентот кој што тоа го направи во целост ја подмири штетата на Студенски дом, ги плати тие износи со кој што го оштети домот, и поучени од тоа искуство кое што за прв пат се случи во домот, ние годинава изработивме сув жиг, така што сите бонови кои што се користат во студенската менза покрај водениот печат ќе имаат и сув жиг. Со поставувањето на жигот студентите нема да можат да фалсификуваат бонови , изјави Снежана Пажик директор на Студенски дом „Кочо Рацин“- Битола

Инаку во април годинава Битолската полиција поднесе кривична пријава против лицето со иницијали Б.И. (21) студент од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсифукување на хартии од вредност.Пријавениот во месец октомври 2015 година, скенирал, електронски обработил и во книжарница во Битола испечатил лажни вредносни бонови од 500 денари, со намера да ги употреби како вистинити во мензата на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ во Битола.

Од нив четири успеал да продаде, а при извршен преглед, пронајдени беа 17 вредносни бонови кои биле употребени, со кои беше причинета материјална штета од 8.500 денари.Студентот како што изјави директотрката на Битолскиот дом ја подмирил направената финансиска штета.