Како технологијата да биде корисна за учениците

0
1174

Изработка на апликации, видео игри и други активности се дел од наставата во основното училиште „Стив Наумов“, дел од Неделата на кодирање, организирана од Европската Комисија. Целта е да се зголеми компјутерската писменост, а во иницијативата на ЕК се вклучени сите европски училишта, а од „Стив Наумов“ ја имаше шансата да биде дел од проектот.

-Имаме работилница за тоа како да се направи свој блог, за програмирање игри, работилница како да се дизајнира, вели Маре Трајковски, директор на училиштето.mare

Самите наставници го осмислуваат часот и тој час го споделуваат со останатите колеги.

-Денес е денот на здрава храна, сакавме да ги споиме овие два дена. Учениците работат проект за здрава храна прво на хамер, а потоа на апликација за мобилен телефон, вели Силвана Ристевска, наставник.silvana

-Децата работат веќе на програмирање видео игри, уживаат во активностите, вели Валентина Ѓорѓиевски, наставник.valentina

-Да направат своја игра со цел полесно да ги совладаат наставните содржини, вели Дарка Мицевски, наставник.darko

Целта што треба да се постигне е компјутерите да бидат во функција на секојдневието.

-Начинот на кој учениците ги промовираат своите идеи преку компјутерот, ова се активности со кои учениците ќе се доближат до идејата која ќе ја имплементираат со користење на компјутерот, рече Маре Трајковски, директор на училиштето.

Неделата на кодирање започна на 10 октомври и трае до 18 октомври.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY