Како влијаат клима уредите врз здравјето на луѓето

0
171

Летото не зафати. Горештините не попуштаат и луѓето најчесто ладовина бараат под клима уредите. Прашањето е дали користењето на клима уредот е штетно или здраво?

Д-р Снежана Спировска микробилог вели дека многу е здраво користењето на клима уредот но доколку истиот првилно се користи и одржува.
Не само хронично болните имаат проблем од темепратурните разлики. Проблеми велат специјалистите може да се јават и кај здрави лица.
Срцево болните, реуматичарите , малите деца со респираторни, настинки, бронхопнеумонии и сл, додава Спировска.
Советите за правилно користење остануваат. Клима уредите не смеат да дуваат дирекно во лицето, главата, половината за да не се случат проблеми. Температурната разлика надвор и внатре мора да биде 5-7 степени.
Спировска додава дека мора да се врши контролирање на климатизирањето кое може да биде и пониско, но тоа да се случува постепено.
Проветрувањето на просториите е неопходно за да не се случи од застоен воздух да се јават проблеми.Апелот за правилно користење и одржување на климите останува.