Како Заев ќе го решава проблемот за загадувањето од РЕК Битола?

0
1824

„Првиот чекор се презеде, се одржа состанок со дел од граѓанските организации од Битола, во присуство на раководството на ЕЛЕМ и министерот за екологија и заменик министерот. Во првата етапа се решава проблемот со отпепелувањето. Таа пепел ќе оди во цементарниците кои го користат тој материјал и постепено тој проблем ќе се решава. Вториот чекор е поставување на магнетни филтри кои ќе се постават на оџаците, тоа не е целосно решение, но е значаен сегмент кон решавање на проблемот, кој што може државата да го понесе како финансиски товар. И третиот сегмент е во стратегијата со донацијата од Јапонија од 50 милиони евра со што влегуваме во трајно решавање на проблемите“ рече премиерот Зоран Заев во емисијата Отворено на телевизија 24.