Каков е воздухот во Битола?

0
805

Мерните станици на министерството за животна средина и просторно планирање веќе неколку дена покажуваат дека воздухот во Македонија е загаден. Загаден е и во Битола. Денеска во 10 часот мерната станица Битола 2 која што се наоѓа во центарот на градот покажа многу високо загадување со ПМ 10 честички а мерната станица Битола 1 која што се наоѓа во индустрискиот дел од градот покажа високо загадување.

screenshot-from-2016-11-22-10-51-23

Мерните станици исто така покажаа дека синоќа во Тетово и во Битола воздухот беше загаден до седум пати над дозволеното. Максимално дозволената граница со овие честички е 50 микрограми.

screenshot-from-2016-11-22-10-53-02

Затоплувањето на домовите со согорување дрва, јаглен или нафта, сообраќајот, индустријата, а можеби најважно, местоположбата и климатските услови во урбаните средини, се главните причини поради кои деновиве македонските граѓани дишат загаден воздух. Зимата е најкритичниот период кога вообичаено се бројат концентрациите на полутанти во воздухот

Загадувањето на воздухот е една несакана состојба на природната средина каде што воздухот е загаден со супстанции што се штетни за здравјето на човекот.

Загадувач на воздухот е секоја супстанца која може да предизвика штета на луѓето и животната средина. Загадувачите можат да бидат во форма на цврсти честици, течни капки или гасови. Освен тоа, тие можат да се природни или создадени од човекот

Поради ваквото загадување надлежните апелираат, Да се користи јавниот превоз ,Возила да не се користат без поголема потреба ,Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време ,Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал ,Правилно да се користат печките за дрва.

И лекарите препорачуваат Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.