Каков е животот на пациентот со поставен пејсмејкер?

0
1154

Пејсмејкер претставува едно модерно чудо, медицинско научно решение за електричните проблеми на бавното отчукување на срцето. Пејсмејкерот им го продолжува нормалното работење на срцето на милиони пациенти во светот. Д-р Иван Трајков, кардиолог електрофизиолог, од Аџибадем Систина објаснува како треба да живеете и на што да внимавате доколку имате вграден пејсмејкер. Што претставува срцевата слабост и која е потребата од вградување на пејсмејкер

Срцевата слабост е хронична , прогресивна состојба кога срцето не е во можност да испумпа доволно крв низ телото и органите за да ги задоволи потребите од кислород и хранливи материи. Како последица на оваа состојба во срцето настануваат промени, кое обидувајќи да ги задоволи потребите на организмот, доведува до зголемување на волуменот на срцевите кавитети, зголемувајќи го бројот на срцевите удари и на мускулната маса на срцето. Срцевата слабост може да биде и акутна кога се јавува поради акутно заболување на срцето најчесто при срцев удар. Пејсмејкерот е мал компјутер кој се поврзува со вашето срце преку тенки жици (електроди). Импулсите патуваат преку овие електроди до вашето срце и се временски наместени да се појавуваат во регуларни интервали, како импулсите од вашиот природен пејсмејкер. Најчесто пејсмејкерите работат само кога има потреба од нив. Пејсмејкерот се исклучува ако отчукувањата на вашето срце се над одредена граница. Ако пулсот падне под дадената граница, повторно се вклучува пејсмејкерот. На овој начин вашиот пејсмејкер работи слично како некој термостат. Разликата е во тоа што наместо да работи врз основа на температура, работи врз основа на срцевите удари, изјави Д-р Иван Трајков, кардиолог- електрофизиолог, од Аџибадем Систина

Интервенцијата за поставување пејсмејкер спаѓа во интервенција со многу мал ризик

Пациентите кои имаат потреба за ваков третман потребно е претходно да направат одредени иследувања како електрокардиогарм (ЕКГ) на кој ќе се регистрира блок на левата гранка, знак за несинхронизирана работа на двете комори, ЕХО кардиографија преку која ќе се одреди ежекционата фракција на срцето и ќе се утврди визуелно асинхронијата во работата на срцевите комори.Вградувањето на апаратот се врши со интервента процедура при што електродите преку вените се доведуваат во срцето, една преку собирната вена на срцето – коронарен синус, се поставува во допир со левата комора, втората се поставува во дното на десната комора и третата се поставува во десната предкомора. Предкоморната електрода треба да ја синхронизира работата на предкоморите и коморите, а двете електроди кои се во контакт со коморите треба да доведат до синхронизација – правовремена контракција и на двете комори.Апаратите кои се вградуваат можат да бидат и со можност да извршат кардиоверзија (електро шок), кои се вградуваат кај пациентите кои имаат и појава на неправилна срцева работа од типот на вентрикуларни аритмии, вели д-р Трајков

Дли пејмејкерот има век на трање? Како и секој електронски апарат така и пејсмејкер бара одреден степен на грижа

-Батериите на модерните пејсмејкери траат многу подолго отколку претходните модели ( 12-14 години). Како и секој електронски апарат така и вашиот пејсмејкер бара одреден степен на грижа. На пример, батериите со тек на време ќе се потрошат, што бара нивна замена. Ова е минимална хируршка процедура. Како што се трошат батериите вашиот пејсмејкер ќе забави, но нема да застане наеднаш. Користејќи специјален анализатор, вашиот лекар може да ги детектира првичните предупредувачки сигнали дека батериите слабеат, даде д-р Трајков

Каков е животот на пациентот со поставен пејсмејкер?

-За вашиот пејсмејкер да работи соодветно треба да се прават периодични контроли за проверка на електродите и состојбата на батеријата. Во денешно време илјадници луѓе имаат пејсмејкери и водат нормален и продуктивен живот. Животот со пејсмејкер е нормален, вели д-р Трајков

Д-р Трајков со совет : за да не дојде до срцева слабост пациентите да бидат физички активни, да ја регулираат телесната тежина, да го регулираат крвниот притисок и да ги регулираат шеќерот и маснотиите во крвта. Ако овие пет работи се почитуваат ќе има здрава популација, вели д-р Трајков