Kаков избирачки список и попис и е потребен на Македонија?

0
461

Kаков избирачки список и попис и е потребен на Македонија?, на оваа тема се дебатираше од страна на НВО Инфоцентарот во партнерство со Македонскиот центар за евроспко образование, Осми Септември и Центарот за развој на медиуми, а се одржа во МКЦ-Битола

Од истражувањата кои што биле направени било заклучено дека ќе можеше подобро и поедноставно да се прочисти избирачкиот список доколку имаше попис на населението

Во 2011 година не се случил попис и никој не понел одговорност за неговото нереализирање

Пописот во развиените земји се случува еднаш на 10 години. Па тука се поставува прашањето како од утре до прочистен избирачки список, веродостоен и кредибилен на кој што граѓаните ќе веруваат?

Настанот се одржа во рамки на проектот „Демографија-квалитет на живеење“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведе Фондацијата отворено Општество-Македонија