Каков мед има на пазарот

0
784

2017 година е една од најлошите за производството на мед и останатите пчелни производи, велат пчеларите, а тоа се должи на априлскиот студ, потоа летната суша и тоа директно влијаело на производството на мед.
Во некои региони во државата едно пчелно семејство произведило по пет килограми мед, а во други региони биле произведени само два килограми мед во просек за едно пчелно семејство.

– Народот нема доволно интерес за пчеларските производи или е неинформиран или немаат навика доволно да користат како во европските земји што се коисти многу повеќе, изјави Живко Богдановски , пчелар

Цената за килограм мед изнесува 350 денари, а во продажбата на големо од 250 до 300 денари за килограм. Поради намалената понуда сега се очекува и пораст на цената.

– Најмалку приноси имаше оваа година, причините беа поради мразот, кило до две од сандук е приносот, вели Никола Китевски, пчелар

Пчелари од Македонија и од соседните земји до сабота на плоштадот Магнолија ќе учествуваат на манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“ која по 20-ти пат се одржува во Битола.На продажните штандови може да се види различен вид на мед, но и разни медни и пчелни производи. Освен продажните штандови и претставувањето на пчеларите,тие најавуваат дека годинава ќе бидат организирани едукативни предавања за пчеларите, а исто така дел од манифестацијата ќе биде и изложбата на ликовни и литературни творби.