Каков воздух дишеме денеска?

0
356

Ниските температури ги натераа Битолчани да почнат со загревање на своите домови, една од причините за намалување на кавлитетот на воздухот е секако затоплувањето на дрва. Вчера Битола 1 и Битола 2 измериле надминувања на зголемено присуство на ПМ10 или надминувања над дозволеното според Министерството за животна средина. Битола 1, со 60 над дозволеното, додека Битола 2 со 84, Кичево е пред нас како поблиска во регионот со 127 додека 280 или највисока концентрација имало вчера во Тетово.

vozduh 2

Денеска за квалитетот на воздухот односно каков воздух дишеме Битола 2 покажува високо присуство на П10, во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (5 последователни дена со среднодневни концентрации над 50 mg/m3) се препорачува, да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал ,правилно да се користат печките за дрва.