Каква е состојбата на патиштата според ЈП Македонија пат?

0
668

Новите врнежи од снег во југозападниот регион на државата дополнителен проблем. Онаму каде што беше интервенирано, сега дел од патиштата повторно непроодни или тешко проодни. А еве што вели извештајот на Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Снег со слаб интензитет провејува во источниот и југозападниот дел од република Македонија.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар,Ресен-Ѓавато и на Плетвар.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk