Каква е станбената политика во Македонија?

0
306

Критериумите на станови за млади брачни парови остануваат исти, има промена само во каматната стапка. Истата од 7,1% се намалува на 4%

generalen-direkotr-700x394

-Младите брачни парови треба да исполнуваат одредени услови, тоа се старост, склучен брак итн. Со тоа што се направени промени само во каматната стапка. Ако таа досега беше 7,1% сега се намалува на 4%, изјави Цветко Грозданов, генералан директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор.

Во Битола ќе градат станови во зависност од тоа каква ќе биде побарувачката на пазарот

-Во комерцијалните станови кои што ги градевми претходно, и кои што имаме намера и понатаму да ги градиме, пред секое инвестирање, нашата институција има пракса да направи анкета и да го истражиме побарувањето на пазарот. Доколку видиме дека во Битола нема заситување , и дека побарувачката за квадратен метар станбена површина и понатаму е атрактивна, ние сме спремни да изградиме одреден капацитет на станови, додаде Грозданов

Од претпријатието велат дека колку чини квадратен метар, зависи од комуналиитре во конкретната општина и цената на земјиштето. Секоја општина има различни цени. Кога има поголема побарувачка на пазарот, тогаш скока и цената за квадратен метар.

Во Битола Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор располага со 450 објекти, куќи, станови и дуќани.