Каква вода пијат битолчани?

0
946

Околу 18 километри од битолската водоводна мрежа сè уште е со азбестни цевки. Надлежните велат дека постепено ги заменуваат. Ако пред 10 години биле 60 километри, до денес заменети биле околу 42 километри. Првиот човек на ЈП Водовод вели дека азбесните цефки немаат влијание врз квалитетот на водата

-Квалитетот не зависи од азбесните цефки, единствен проблем е нивната дотраеност. При дефект на цефките ние не ги сечиме, туку се вадат цели и ги заменуваме со нови. Во текот на следните 5 години се надеваме дека ќе ги замениме целосно азбесните цефки и ќе дојдеме под километар, изјави Горан Стефановски директор на ЈП Водовод Битола

Во склоп на филтерницата во Дихово постои хемиска лабараторија каде што се извршуваат сите анализи на сирова и чиста вода, по правилникот за чиста вода на Р.Македонија

-Постои и хемиска лабараторија каде што се извршуваат сите анализи, се прати присуството на хлор, матнотијата, температурата на водата итн. Во градот има триесеттина пунктови од каде што се земаат секојдневно пробни води за анализа во филтерницата. Сите досега примероци покажале дека водата е исправна, додаде Стефановски

Филтерницата е изградена во 1983, а проширена во 1999 и има капацитет од 1080 литри во секунда за прочистување на водата. Моментално, вели Стефаносвки, работи со 600 литри во секунда бидејќи произведува и електрична енергија . Поради вишокот на количина на вода во овај период од годината, произведувале повеќе од потребите на градот.

Инаку ЕУ го забрани користењето на азбестот уште пред 10 тина години, зошто се смета дека подолга изложеност на него во разнични околности може да предизвика болести.