Какви се врските меѓу Македонија и Србија ?

0
436

Одржан седмиот Меѓународен научен симпозиум на тема „Врските меѓу Република Македонија и Република Србија низ вековите и денес“ организиран од почесниот конзулат на Република Србија во Република Македонија со седиште во Битола.
На симпозиумот пријавени беа околу 100 учесници, претставници на академската заедница од двете држави, уметници и културни работници кои пишувале и истражувале на теми од областа на историјата и литературата.

– Македонија и Србија имаат добри меѓусоседски односи, пред се сакам да кажам дека српскиот и македонскиот народ се чувствуваат како браќа.Братството е возвишена работа и токму затоа не треба да се зборува за тие врски како треба да се развиваат бидејќи досега се развиваат во правилна ансока, а се надевам дека векови понатаму ќе ги водиме во тој правец изјави,почесниот конзул на Р.Србија Силијан Мицевски

На симпозиумот учество зеде и Македонско научно друштво – Битола со трудови и реферати потпишани од своите членови и соработници.

– МНД пораките на ваквиот собир ги испраќа со конкретни активности, со трудови и реферати потпишани од своите членови или пак соработниците кои ги има од соседна Србија. Нашата директна соработка со српската академија ни овозможи да го продолжиме тој континуитет и да се надградуваме во тој стил, изјави, д-р Маријан Танушевски, претседател на МНД

Рректор на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во своето обраќање на свеченото отворање на симпозиумот меѓу другото ги потенцираше одличните односи меѓу Македонија и Србија на повеќе полиња и додаде дека на Балканот, Македонија и Србија се пример како треба да се соработува.

-Навистина имаме извонредни односи на сите полиња, а лично да кажам дека огромна е листата на колеги и пријатели со кои што секојдневно соработуваме, изјави,Сашо Коруновски ректор на УКЛО

На дводневниот научен симпозиум беа презентирани и трудовите „Македонија во интересната сфера во политиката на Србија, Бугарија и Турција непосредно пред Балканските војни“ од авторите Ѓорѓи Чакарјаневски и Тодор Чепреганов, „Француските интелектуалци за Македонија кон крајот на 18 и почетокот на 19 век“ од Александра Колаковиќ, „Улогата на македонските кадри при пристапувањето на СФРЈ во Советот на Европа“ од Ратомир Милкиќ.
Исто така беа презентирани и трудовите „Битола во белградските дневни весници „Политика“ и „Време“ до почетокот на Втората светска војна“ од Арети Сидовска, „Белешките на Стојан Новаковиќ за Скопје во 1886 и 1905 година“ од Македонка Митрова, „Битола во времето на Балкнаксите војни според руското илустрирано списание „Искри“ од Билјана Р. Јосифовска, „Евакуација на населението во Битола во 1917-1918“ од Лилјана Гушевска и Вера Гошева, и други трудови.