Какви штети за почвата предизвикаа поплавите?

0
600

Нема присуство на тешки метали во почвата и за среќа нема контаминиран почвен слој.Ова го покажале агрохемиските и педолошките анализи направенио по повлекувањето на водата од земјоделските посеви по минатогодишните поплави во Пелагонија. За да се обнови земјоделското земјоште по поплавите треба да помине период од 3 до 5 година за регенерирање на почвата, велат педолозите

-Сегде таму каде што имаше еродирање на површинскиот односно хумусниот дел тоа е плодниот слој од почвата кој што во Србија изнесува 50 см а кај нас 35 до 40 см. Доколку се еродира тој слој останува неплодоносниот за растението. Добро е што немаме присуство на такви метали или контаминирани елементи, изјави Игор Златков директор на АПРЗ Битола

Постојат методи и техники со кои што земјоделците  можат да ја испитаат почвата за да знаат што би можело да се добие од таа почва и кој вид на култура ќе успее. Земјоделците можат да направат агрохемиска и педолошка анализа во некои од акредитираните лабаратории во државата за да им се одреди азот, фосфорот, калиумот, калциумот, магнезиумот  како и содржината на ПХ односно концентрацијата на водородни јони на почвата, кое што испитување е субевенционирано од државата со 60%

-Мерките се аплицирање на арско ѓубре , што е можно со поголема количина. Тие ќе го подобрат топлиот режим односно воздушниот режим во почвата, со тоа ќе настане промена на механичкиот состав и промена на хумусниот слој во површината, така што за побрз период можеме да ја регенерираме почвата во истиот состав како претходно, додаде Златков

Почвата во Пелагонија е глинеста и моментално е богата со вода. Па се поставува прашањето дали постои опасност од поплави во Пелагонија, особено по она што се случи во Србија?

– Стравот е поголем што во Србија има поплави а кај нас во наредните 20 денови се прогнозира 13 дена со врнежи при тоа температурата да биде помеѓу 0 и 13 степени при што може да дојде до поплава бидејќи температурите се ниски и нема простор за испарување, а и во претходниот период имавме врнежи и почвата е богата со вода и за многу лесно и кратко време може да настане излевање на водата од коритатата, вели Златков

По минатогодишните поплави кои што се случија во јануари, февруари и март на територија на Р.Македонија три општини беа прогласени како поплавени подрачја. Тоа беа општини Могила, Новаци и општина Босилово.

Без коментари

LEAVE A REPLY