Какви слики има од Битола на Google Street View?

0
3000

Возилата на „Гугл“ (Google) минатата година во септември започнаа да снимаат низ македонските улици со цел да соберат слики за популарната опција „Стрит вју“ (Street View) каде секој може виртуелно да прошета по улиците на градот кој ќе го изберат. После една година и Македонија е на „Стрит вју“. Се разбира може да прошетате и низ Битола, по улиците што се снимени од „Гугл“, а тие се означени со сина боја. На пример по Широк Сокак и низ паркот не може да поминете. Но она што е најинтригантно за некој кој не е од Битола е дека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ може да се видат знамиња со кукаст крст и бугарски знамиња. Возилото на „Гугл“ ја снимило локацијата во периодот кога во Битола, токму на оваа улица се снимаше филмот на Раде Шербеџија „Ослободувањето на Скопје“. А подолу на улицата пак се гледаат камионите и комбињата кои ги користат екипата од филмот и во кои се превезуваат реквизитите. gugl

Токму ова денес беше актуелна тема на социјалните мрежи. Оние кои знаеја за што се работи имаа саркастички коментари, додека оние кои не беа информирани – зачудувачки.

Гугл“ презема мерки за да се заштити приватноста додека им овозможува на сите корисници да имаат корист од оваа функција. Како и со сите „Стрит вју“ слики, пред објавувањето на Google, ќе се применува заматување на лицата и регистарските таблички на сите слики, со цел да се заштити приватноста на луѓето. Откако сликите се достапни, луѓето ќе бидат во можност да пријавуваат слики за понатамошно замаглување со кликнување на ‘пријавете проблем’ на долниот лев агол на сликата. Потоа тие пополнуваат краток формулар каде ја посочуваат точната слика која треба да биде замаглена.gugl 2

Локалните бизниси, исто така може да имаат голема корист од „Стрит вју“ технологијата со бесплатно вградување на „Гугл Мапс“ директно во нивниот веб-сајт, помагајќи им да промовираат сместувачки опции или да информираат за рестораните, туристичките места и точки со историско и културно значење.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY